The Guardian: Радикалниот напад од страна на Трамп против Првиот амандман не може да остане без одговор

од Vladimir Zorba

 Спречување на новинари до прес-конференција е апсолутистичка акција и е потребен итен одговор, пишува весникот The Guardian. Оние кои сметаа дека претседателскиата позиција ќе го промени Доналд Трамп  не беа  во право. Тоа го направи полош.

Со одбивањето на пристап на медиуми како “Њујорк тајмс” и “Си-Ен-Ен” до брифингот на Белата куќа во петокот, претседателот му објави војна на Првиот амандман на Уставот на САД , со која е заштитена вклучувајќи и слободата на печатот . На овој начин тој ја нападне пресвртницата на демократското самоуправање.
Додека на новинарите им  беше порекнато  правото да присуствуваат на прес конференцијата, Трамп беше на годишната Конференција за конзервативно политичко дејствување (CPAC) и продолжуваше со жестоките напади врз медиумите: “Сакам сите да знаете дека ние се бориме со лажните вести”, рече претседателот. “Тие имаат професионалната обврска, како претставници на печатот, да ги одразуваат чесно информациите. Но како што видовте во текот на целата кампања, а дури и сега, лажните вести не ја зборуваат вистината “, додава  Доналд Трамп.
За време на конференцијата, претседателот не остава сомнеж за слободата на печатот. “Тие секогаш зборуваат за Првиот амандман”, рече тој.
Овој  радикален  напад не може да остане без одговор, порачуваат медиумските работници. Отпорот треба да дојде од секаде, најмногу од републиканците во Конгресот.

Слични содржини