Трамп го откажа учеството на традиционалната годишна средба со медиумите

од Vladimir Zorba

Односите меѓу Трамп и медиумите се затегнаа, откако тој ги нарече „непријатели на народот“ и често пати ги критикува медиумите и конкретни новинари, чии известувања не му се доапаѓаат.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека нема да присуствува на годишната вечера на Асоцијацијата на дописниците, акредитирани во Белата куќа. Трамп на Твитер ја објави одлуката да не учествува на настанот, планиран за 29 април, на кој традиционално присуствуваат познати личности, политичари и новинари.

Тој им посака на учесниците на настанот се најдобро и добар помин.

Односите меѓу Трамп и медиумите се затегнаа, откако тој ги нарече „непријатели на народот“ и често пати ги критикува медиумите и конкретни новинари, чии известувања не му се доапаѓаат.

Претходно исто Белата куќа одби да дозволи некои од најпочитуваните американски и светски медиуми да присуствуваат на  брифинг со Шон Спејсер. Голем дел од нив се познати со неодобрување кон новиот американски претседател. Ова се случи откако планираната  големата конференција со портпаролот на Белата куќа беше претворена во последен момент во приватна средба во неговиот кабинет со некои од фаворизирачите  на  Трамп . Меѓу оние на кои им беше одбиен пристап до средбата, фигурираат некои од поименично критикувачи  на претседателот Трамп и прогласени за “непријатели на американскиот народ” медиуми – “Си-Ен-Ен”, “БиБиСи”, “Њујорк тајмс”, “Ел Еј тајмс “,” Њујорк Дејли тајмс “,” Хил “,” Дејли Меил “,” БзФид “и уште многу други претавници  на” Политико “- нивните новинари исто така биле исфрлени од средбата.

На АФП исто не им беше дозволено да присуствуваат. Сепак тие одбиле да си заминат и биле присутни без покана. Од друга страна, сепак, пристап до брифингот добиле некои од средствата за јавно информирање со истакната десничарска ориентација како “Фокс њус”, “Брајтбарт”, “Блумберг”, “Еј-Би-Си”, “Си-Би-Ес”, “Ванг Америка Њуз нетворк “и” Вашингтон тајмс “. “Асошиејтед прес” и “Тајм”, исто така, биле поканети, но според податоците на “Индипендент” тие одбиле да присуствуваат во знак на протест против одлуката на Доналд Трамп и неговата администрација.

“За време на долгото ни искуство во покривање на повеќе администрации од различни партии никогаш не се случило такво нешто”, рече главниот уредник на “Њујорк тајмс” Дин Бакет во официјалното соопштение. АФП објави дека за време на средбата Спејсер се  заштитил  со одлуката, дека Белата куќа во моментов нуди невидена досега соработка.

Кршењето на традицијата на Трамп , за присисутво на вечера  со медиумите, е основана во 1921 година и на неа претседателите имаат можност да одржат говор, полн со самокритичност, но и со можност да упатат критики до своите политички ривали.

Во 2011 година Трамп присуствуваше на вечерата и беше предмет на потсмев од тогашниот претседател Барак Обама.

Слични содржини