“Париз веќе не е Париз”, изјави претседателот Доналд Трамп и повикувајќи се на “свој пријател”, кој повеќе не стапнал во француската престолнина. Трамп се обиде да ја  заштити миграциската политика и  ги даде за лоши примери Франција, Шведска и Европа.

Трамп постојано потсетува за атентатите во Франција, за да ја оправда својата политика кон имиграцијата. “Имам пријател, тој е многу важен човек. Го обожава градот на светлината (Париз). Со години, секое лето тој одеше во Париз со неговата сопруга и семејството. Не го бев видел одамна и го прашав: Џим, како е во Париз? Тој одговори: веќе не одам таму. Париз веќе не е Париз “, продолжи претседателот на САД.

“Националната безбедност започнува од безбедноста на границите. Странските терористи нема да можат да нанесуваат удари против Америка, ако не можат да влезат во нашата земја”, рече претседателот на годишната конференција на организацијата “конзервативна политичка акција”.

“Погледнете што се случува во Европа! Погледнете што се случува во Европа”, истакна претседателот и ги повтори спорните си тврдења за Шведска, откако ја  врза имиграцијата со ширење на насилството.

“Ја обожавам Шведска, но луѓето таму разбираат дека сум во право”, рече тој.

Трамп истакна дека целта му е да му служи на САД, а не на остатокот од светот и ја  повтори пораката “Америка на прво место”.

“Јас го претставувам САД. Јас не го  претставувам светот. Јас ја претставувам својата земја”, рече претседателот.

Тој додаде дека сите Американци се предани на својата земја и дека во вените на сите граѓани тече “истата црвена крв на големи патриоти”.

Трамп ја нарече кампањата против илегалните имигранти “воена операција”

Претседателот на САД Доналд Трамп повторно се закани дека ќе депортира од САД илегални имигранти кои извршиле злосторства. Тој говореше пред учесниците на конференцијата на организацијата “конзервативна политичка акција”, кои се собраа во Вашингтон.

“Во моментот кога зборуваме тука денес, имиграциони службеници трагаат  по членови на гангстерски банди, дилери на дрога и криминални странци и ги исфрлат од земјата”, рече Трамп.

Тој ги  направи овие изјави само ден откако тој самиот и неговите министри изразија спротивставени мислења за карактерот на кампањата против илегалните имигранти во земјата.

Секретарот за внатрешна безбедност Џон Кели вети  дека во Мексико,  САД нема да се впуштат во услугите на војската во наметнувањето на имиграциските закони и дека нема да има масовни депортации.

Часови порано сепак Трамп се изрази во сосема поинаков начин, велејќи дека станува збор за “воена операција”.

Требаше подоцна Прес секретарот на Белата куќа Шон Спајсер да објаснува дека Трамп го користел зборот “воени” како “придавка”, мислејќи на “прецизност” на операцијата.

Идалго објави на Твитер своја фотографија на која таа е заедно со Мики Маус и Мини, со текст: “На Доналд и неговиот пријател Џим, од Ајфеловата кула, ние се радуваме на атрактивноста на Париз со Мики и Мини”.

Во други твитови со хаштаг # Donald & Jim Идалго пишува дека резервациите на американски туристи во Париз во 2017 година се за 30 проценти повеќе во споредба со минатата година.