Трамп веќе е бесен на Обама: Претседателот ќе ги отпушти луѓето на својот претходник поради протекување на информации од Белата куќа

од desk2

Претседателот на САД Доналд Трамп се пожали во телевизиско интервју дека луѓе на неговиот претходник – Барак Обама го организирале протекувањето информации од телефонските разговори со лидерите на Мексико и Австралија, пренесува “Фокс њуз”.


“Тажно е дека дозволиле такво протекување, тоа е во целосна спротивност со интересите на нашата земја”, нагласува претседателот на САД.

Според него луѓето на Обама им дале информации на различни медиуми. Трамп додава дека тие се уште се на работа во Белата куќа, но тоа нема да биде уште долго така.

Слични содржини