Црвениот кромид е убиец на ракот

од Vladimir Zorba

На широко е познато дека исхраната директно влијае врз човековото здравје. Има храна која на човекот му помага да се излечи од рак, и го спречува развојот на најстрашната болест или го успоруваат процесот на развој на клетките на ракот. Постојат бројни такви “волшебни” производи, а неодамна во оваа листа беше вклучен и црвениот кромид.

Истражување во оваа област направиле научници од Гуелфскиот универзитет, кој се наоѓа во Канада. Како резултат од одржана научна работа професионалци потврдиле дека црвениот кромид  содржи супстанции кои можат да бидат употребени при лекување на онколошки заболувања.

Истражувачите тврдат дека во кромидот има огромно количество антиоксиданси и антоцианини кои се способни да помогнат на човечкиот организам да ги надмине воспаленијата и инфекциите. Заедно со тоа во кромидот се содржи кверцетин кој ги штити клетките од оштетување.

“Антоцианинот игра важна улога во бојата на овошјето и зеленчукот. Од сите зеленчуци токму црвениот кромид е со темна боја и ги има најсилните антиканцерогени својства “, забележува Абдулмон Мураијан, еден од учесниците во истражувањето.

Слични содржини