Водечкиот руски опозиционер и поранешен вицепремиер Борис Немцов беше убиен во центарот на Москва, објавиja руските медиуми.

655-402-boris-nemcov

Непознат напаѓач му пукал четири пати во грбот со пиштол, прецизира БиБиСи. Убиецот бил со бел автомобил и избегал.

Според сајтот “Медуза” Немцов е убиен во близина на Кремљ, додека одел пеш во женско друштво.

Илја Јашин, еден од лидерите на партијата РПР-ПАРНАС чиј копретседател е Немцов го потврди убиството пред РИА Новости. Од местото на убиството тој изјави за медиумите: “за жал го гледам телото на Борис и многу полицајци околу него”.

Слични содржини