Убиецот на пратеникот Вороненков има соучесник, кој е на слобода!

од desk2

Прес секретарот на украинското Министерство за внатрешни работи Артом Шевченко соопшти дека убиецот на поранешниот руски пратеник Денис Вороненков најверојатно имал соучесници, пренесува РИА Новости.

Малку подоцна Антон Геращенко кој е советник на министерот за внатрешни работи изјави дека се бара второ лице вмешано во убиството. “Во моментов се прават комплексни оперативно-истражни мерки со цел да се фати второто лице кое учествувало во организирањето на ова убиство”, рече Герашченко за локална телевизија.

Тој додаде дека сите информации во истрагата за убиството на Вороненков се тајна, за да не се случи најбараниот соучесник да биде ликвидиран. Инаку, престрелката беше пред влезот на хотелот “Премиер Палас”. Во неа беше убиен поранешниот пратеник Денис Вороненков.

Бодигардот на Вороненков одговори на огнот на напаѓачот. Поранешниот пратеник пристигна во Киев, за да сведочи против поранешниот украински претседател Виктор Јанукович. Додека тој беше пратеник гласаше против анексијата на Крим. Убиецот сепак почина неколку часа подоцна. Неговиот идентитет е утврден.

Слични содржини