УЕФА: Минута молк за терористичкиот напад во Манчестер, пред финалето на Европската лига

од desk3

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти дека пред утрешното финале на Европската лига ќе биде одржана минута молчење за жртвите на терористичкиот напад. 

Во соопштението на УЕФА се наведува дека церемонијата на отворање на финалниот меч кој ќе се игра во Стокхолм ќе биде скратена поради терористичкиот напад во Манчестер.

Во финалето на Европчската лига која започнува  од 20.45 часот ќе играат Ajax i Manchester United.

Полиоцијата денес потврди дека осомничен за нападот во Манчестер е 22 годишниот британски држвјанин Салман Абед, роден во Манчестер,

Неофицијално тој има најмалку тројца браќа и сести, сите родени во Лондон и Манчестер. Терористичката организација ИСИС ја презеде одговорност за синоќешниот напад во Манчестер.

Слични содржини