Украинските власти и проруските сепаратисти денеска си разменија заробеници, пренесе ТАСС, повикувајќи се на украински извори.

УНН: 140 украински войници ще бъдат освободени до няколко часа

Веста ја потврди и украинскиот претседател Петро Порошенко, цитиран од американските медиуми.

„Во најскоро време 140 наши херои ќе бидат слободни“, напиша Порошенко на Твитер.

Размената се реализирала во еден од бастионите на бунтовниците,
градот Луганск. Притоа биле разменети 52 сепаратисти и 140 борци од
киевските сили. Повеќето од ослободените украински војници, над 100, биле заробени во Дебалцево.

Претходно денеска двете страни во конфликтот взаемно се обвинија за прекршување на прекинот на огнот, што во сила влезе пред една недела./MИА

Слични содржини