Товарот од глобалната бегалска криза е неправедно распределен, бидејќи мнозинство бегалци се наоѓаат во едвај 10 земји, предупредуваат хуманитарни организации.мигран

Тие ги повикаа богатите земји во најскоро време да најдат решение за кризата.

Војните во Сирија, Авганистан, Бурунди и Јужен Судан се причина за бројот на бегалци оваа година да достигне до рекордни 21,3 милиони, соопшти Врховниот комесаријат на ОН за бегалци.

Како што наведува УНХЦР, 60 отсто од бегалците нашле засолниште во Јордан, Либан, Турција, Пакистан, Иран, Чад, Етиопија, Кенија, Уганда и Конго.

– Одговорноста за заштитата на бегалците е во неправедната распределба, истакна претставникот на УНХЦР, Вилијам Спиндлер.

Организацијата ги повика развиените земји да примат повеќе бегалци според нивните можности

Слични содржини