Киевските војници, опколени во Дебалцево и во реонот околу стратешкиот железничката јазол, може да издржат без засилувања не повеќе од 12 часа. Има реална опасност сите тие да загинат, пренесува официјалната украинска агенција УНИАН. Припадници на баталјонот “Киевскаја Рус” изјавиле дека можат да ги држат позициите без помош само 12 часа, во спротивно може да загинат сите. За тоа пишува од реонот на борбите новинарката Олга Германова во својот Facebook, цитирана од УНИАН.

UKR
Друг украински новинар, Андреј Цаплиенко истакнува дека во градот и околу него се водат жестоки борби и бунтовниците напредуваат кон железничката станица и локалната милиција.

Официјалните власти преку портпаролот на антитерористичката операција Андреј Лисенко негираат за трагичната положба. “Украинските војници го контролираат гр. Логвиново и делумно се деблокирани и го контролираат патот кон Дебалцево. Во периферијата на градот се водат жестоки борби, напната е ситуацијата во областа на железничката станица, но нашите војници ги задржуваат позициите”, изјави на брифингот Лисенко.

Сепаратистите сепак ја демантираат оваа информација. Дебалцево речиси 80% се контролира од страна на силите на сепаратистите и најверојатно градот наскоро ќе биде ослободен целосно, најави министерот за одбрана на ДНР Владимир Кононов, цитиран од LifeNews и РИА “Новости”.

“Единствениот проблем е што во градот останале единечни групи од 5 до 10 борци од ВСУ кои се движат од зграда до зграда и се обидуваат да даваат отпор. Пукаат снајперистите, дејствуваат и разузнавачко-диверзионите групи. Но во наредните денови, веројатно во следните 24 часа сите тие ќе бидат расчистени и Дебалцево ќе помине под контрола на армиите на ДНР и ЛНР “, вели Кононов.

Министерот објаснува дека уште во борбите за Дебалцево учествуваат армиите на ДНР и ЛНР, бидејќи населен место се наоѓа во пограничната линија меѓу двете републики. Покрај ова денес изутрина украинската странја провалила предвидената видеоконференција на контактната група. Украинскиот штаб во Соледар не воспостави контакт со претставниците на ДНР и ЛНР, а ВСУ нанеле артилериски удар по локацијата на сепаратистите, кои требало да учествуваат во видео конференцијата.

Слични содржини