Уапсија уште најмалку 10 лица во Брисел и во реонот на Берж во провинцијата Валонски Брабант, соопштија агенциите.

Image_5127442_407

Четири лица се приведени при проверка на сомнителен автомобил на плоштадот “Гран Саблон” во центарот на Брисел, соопшти локален ТВ канал. Шестмина млади се приведени на бензинска пумпа во реонот на Берж во провинцијата Валонски Брабант, соопшти пред тоа “Либр Белжик”.

Брисел град на духови, отворена телефонска линија за вонредни ситуации

Се тврди дека осомничениот за париските напади Салах Абдеслам често запирал на оваа бензинска пумпа.

Минатата ноќ во белгиската престолнина беше прогласен највисок степен на терористичка закана по серијата рации во соседството “Моленбек”. Полицијата уапси таму уште еден осомничен за соучество во атентатите во Париз и откри магацин со оружје.

Слични содржини