Уставниот суд на БиХ ја поништи одредбата од Законот за празници во РС

од desk3

Уставниот суд на Босна и Херцеговина денеска донесе решение со кое е утврдено дека Народното собрание на Република Српска до денеска не ја спровела судската одлука од ноември минатата година, кога е одлучено дека одбележувањето на 9. јануари како Ден на РС не е во согласност со Уставот, бидејќи ги дискриминира Хрватите и Бошњаците, кои живеат во тој ентитет.

Dodik_i_Genocidna_tvorevina55

Во соопштението на Судот се наведува дека рокот за спроведување на судската одлука истекол на 25 јули годинава, а бидејќи не е испочитувана, донесено е решение дека „спорната одредба на ентитетскиот закон за празници престанува да важи“, па одбележувањето на 9. јануари веќе нема никаква законска основа.

Одлуката ќе биде доставена до Обвинителството на БиХ и ќе стапи во сила по објавувањето./MИА

Слични содржини