Вангеловски- Не го укинав притворот за Кочан !

од Vladimir Zorba

Претседателот на Врховниот суд  Јово Вангеловски за Дојче Веле тврди дека поради повреди на законитоста, судските одлуки за притвор на Сеад Кочан, но тоа не значи дека укинат притворот.

-Ние не го укинуваме притворот за Сеад Кочан, туку ја цениме законитоста на одлуките на пониските судови, изјави тој за Дојче веле.

Ваквото објаснување доаѓа откако постапувајќи по Барањето за заштита на законитоста  доставено од Јавното обвинителство, Врховниот суд реши да ги укине одлуките на Кривичниот и на Апелацискиот суд, со кои беше изречена мерка притвор за Сеад Кочан и побарано распишување на потерница по него. Од Специјалното јавно обвинителство велат дека за одлуката ќе се изјаснат откако официјално ќе ја добијат.

И додека во правосудните кругови одлуката на Врховниот суд се оценува како „скандалозна“, Вангеловски тврди дека има повеќе повреди на законитоста, меѓу кои две посуштествени.

Слични содржини