Посредникот Питер Ванхауте денеска на средба со новинарите и медиумските организации презентираше предлог на меѓународната заедница за измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски организации. Разговорите меѓу претставниците на политичките партии дел од Работната група за реформите во медиумите, според него, се одвиваат многу бавно, но сепак тој вели дека продолжуваат и оти е можен договор во следните денови.За да ги елиминира партиските шпекулации прегварачот ги покани  новинарските здруженија , Синдикатт, уредниците и го презентираше планот за излез од медиумската непрофесионалнот и манипулативност.

клуб пратеници

Предлогот на меѓународната заедница е Законот да биде помалку рестриктивен, да предвидуива професионализацијата на членовите на Советот на Агенцијата за медиуми, да се направи ревизија на системот на казни…Но пред се, вели тој, агенцијата мора да се департизира и деполитизира.

За начинот како да се избираат членови на Советот на Агенцијата, предлага Парламентот да распише јавен оглас, а кандидатите кои ќе се јават на огласат да имаат писма со поддршка од две невладини организации, или новинарска асоцијација или синдикат на новинарите, како и две писма со поддршка од соодветни универзитети. Собраниска комисија да изрши техничка селекција, а селектираните да имаат јавна презентација пред членовите на таа Комисија. Членовите на Советот, како што наведе Ванхауте на средбата, да се бираат со двотретинско мнозинство гласови. Мандатот да им биде пет години со право на реизбор. За тие пет години членовите на Советот на Агенцијата за медиуми да бидат ангажирани со цело работно време. Сегашните надлежности на директорот на Агенцијата да бидат префрлени на Советот. Директорот на Агенцијата да има извршна функција и да одговара за функционирање на Советот и да биде именуван од него. Неговиот мандат да биде исто така пет години со право на резибор, предложи Ванхауте.

Во однос на прекршувањата од страна медиумите, предлогот на Ванхауте опфаќа дијалог со претставници на медиумиот, доколку не биде надминато прекршувањето – предупредување, и дури откако ќе се исцрпат овие две можности казна. Но во предлогот не се прецизира за какви прекршувања ќе бидат изрекувани овие казни, ниту пак какви ќе бидат тие. Ванхауте потенцираше дека казни нема да се изрекуваат за содржината на информативните прилози.  Казната ќе се определува во зависност од тоа за каков и медиум се работи и неговите приходи. Советот ќе го има тоа право да реши за висината на казната и ќе има можност да донесе одлука која треба да биде издржана.

Да се направи и целосна  ревизија на правните и регулативи на Агенцијата за медиуми, предлага Ванхауте

Во однос на комерцијалните медиуми, предлогот е да не се определува каква програма ќе емитуваат, како и колку вработени ќе имаат, со каква техника да располагаат…

Во однос на јавниот сервис, како што кажа Ванхауте, членовите на Програмскиот совет на МРТ да се бираат на приближно ист начин како и членовите на Советот на Агенцијата за медиуми, дополнително членовите да бидат поддржани и од организации од културата.

Финансирањето да биде еднакво на еден процент од годишниот буџет на државата, а јавниот сервис да има целосна независност во однос на трошењето на овие средства. Ванхауте рече дека бил изненаден од податокот дека просечната возраст на вработените во МРТ е 58 години и смета дека кадарот треба да се дополни со помлад кадар.

МРТ, како што предложи, да изработи петгодишна стратегија за работа која би вклучувала дел кој би се однесувал на човечките ресурси, реновирање и одржување на зградата, нова опрема, понатамошна дигитализација, реструктирање на ТВ каналите и друго.

Зборуваше и за владиното рекламирање. Смета дека кампањи од јавен интерес треба да се емитуваат бесплатно и на јавниот сервис и на комерцијалните медиуми. Намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто за медиумите.

Ванхауте не посочи во кои европски земји се практикува ваков начин на избор на претставници во медиумски тела. Рече дека дел се применуваат во некои делови од неговата земја, но дека сепак е потребно да се стави и локален контекст.

Слични содржини