Дијалогот и консултациите со партиите ќе продолжат, порачува во изјава за 24 вести медијаторот на ЕК Питер Внхауте. Тој вели дека од денеска е на дополнителни консулатции во Брисел, но се враќа во среда, со попрецизни директиви.
ванхауте
Пред да замине за Брисел, Ванхауте на политичарите на Фејсбук им остави материјал да размислуваат. Тој им напиша 14 правила за политичарите и им порача да ги научат на памет.
Дел од нив се однесуваат и на тоа како според него не треба да функционираат. Партиите едногласни околу одлуката да не ги коментираат правилата на Ванхауите, но и натаму со спротиставени ставови за тоа што ги очекува пред изборите.
Опозицијата и од македонскиот и од албанскиот блок очекува иницијатива од меѓународниот фактор во земјава, власта пак децидна нема причина преговорите да продолжат, јавува 24 Вести.
Од ДУИ на позициите на Груевски преговорите се завршени – единствено можно е велат поместувањата околу одредени прашања во медиумската сфера да бидат дополнети на законот за медиуми.
Од партијата на Груевски пак само се повикуваат на обраќањето на нивниот лидер кој што тврдеше дека меѓународната заедница му ветила дека дијалогот е завршен. Со неодговорени прашања дали до 5 јуни ќе имаме медиумски реформи денеска останале и од ЗНМ по одговорот од САД . Од ЗНМ велат дека продолжуваат да работат на медиумските реформи согласно договореното во Пржино.
Со нејаснотиите се соочува и европарламентарецот Ричард Ховит и тоа околу преживувањето на договорот од Пржино.
Тој во колумна за Еуроактива порачува дека сеуште не е јасно дали ќе преживее Договорот, но повторува дека Груевски не добил верување од Mеѓународната заедница дека преговорите се завршени.

Слични содржини