Тројката меѓународни кредитори на Грција (ЕК, ЕЦБ, ММФ) е најголем победник на изборите, пишува поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис во статија за британски “Гардијан”

варуфаки

Поранешниот министер за финансии  го коментира успешниот  втор мандат  на СИРИЗА како “понижувачко предавство” и прецизира дека поради оваа причина се повлекол од претходниот кабинет на Ципрас.

Јанис Варуфакис е на мислење дека тројката е најголем победник на изборите, бидејќи сметките за рестрикции, договорени со доверителите, во иднина ќе бидат прифатени со леснотија, бидејќи СИРИЗА е посветена да ги протурка во парламентот.

Според зборовите на поранешниот грчки министер за финансии сега Ципрас ќе треба да примени една фискална и реформска програма, која беше планирано да не успее.

Тој забележува дека Ципрас се надевал понатаму да ги намали тензиите  од рестриктивните политики, како и ветување да предоговори некои точки од меморандумот со доверителите, да го реструктуира долгот и да се конфронтира со олигарсите.

Изгледите за тоа воопшто не се гламурозни, но се уште не треба да се отпише Ципрас, пишува уште Варуфакис во статијата за  “Гардијан”.

Слични содржини