Веб страница која знае (пре)многу за вас

од Vladimir Zorba

Иако ние безгрижно споделуваме информации на социјални мрежи не’ сме свесни дека тоа кажува многу за нас. Константно сме онлајн и константно споделуваме информации, како персонален број, колку години имаме и дали сме во врска. Каде се наоѓаме моментално и со кого сме. Овие информации може да ги искористат и крадците со тоа што може да настрадате ако знаат дека не сте дома.

Психометрискиот центар од Универзитетот во Кејмбриџ направи една малку страшна алатка со што ви кажува кој сте со поврзување на вашиот Фејсбук профил. Може да погоди колку години имате, дали сте пушач а исто така може и да погоди колку сте високи. Веб страницата се вика “Predictive World”. Се’ што треба да направите е да се логирате со својот Фејсбук профил и да ја вметнете вашата локација. Можете да ја вметнете само вашата локација но тогаш системот може да даде погрешни информации за вас.

Оваа веб страна може и да погоди колкав е ризикот од убиство и уште колку години ќе живеете.

Дали ова ќе го сфатите како една интересна веб страна или ќе забавите со споделувањето на иформации за вас на социјалните мрежи,  зависи исклучиво од вас самите. Пробајте.. https://predictiveworld.watchdogs.com/en/

Ведран Асановски

Слични содржини