Вечниот ерген Леонардо ди Каприо пак е сингл

од Vladimir Zorba

Леонардо ди Каприо и Нина Агдал ја прекинаа врската, која ја почнаа пред една година.

“Тие се разделија неодамна. Остануваат пријатели, зборуваат и се многу блиски. И двајцата почувствувале дека нивната врска се исцрпила “, вели извор близок до двојката.

42-годишниот актер и русокоса беа осомничени дека имаат врска, кога се појавија заедно на Канскиот филмски фестивал во 2016 и по неколку месеци беа фатени да се бакнуваат на плажа во Малибу, Калифорнија.

Во јули бабата на Нина Агдал ја потврди врската помеѓу двајцата и се пошегува дека актерот треба да внимава како се однесува со внука ѝ, бидејќи во спротивно ќе одговара пред неа.

Слични содржини