(ВИДЕО) Алити: Изборот на претседател на Собранието не може да биде блокиран

од desk2

Дури и парламентарните партии да не постигнат консензус за составот на Комисијата за избори и именувања, изборот на новиот претседател на Собранието не може да се блокира, информира Алсат М.

Поранешниот потпретседател на парламентот, Рафис Алити, вели дека предлог за претседател на Собранието може да иницираат и 20 пратеници во случај да пропаднат обидите за формирање на комисијата.

“Доколку не се постигне договор за конституирање на Комисијата за избори и именувања, Деловникот предвидува најмалку 20 пратеници да покренат иницијатива за предлагање претседател на Собранието и по предлог на 20 пратеници тогаш не се очекува Комисијата за избор и именувања да го даде својот предлог туку директно на парламентарна седница да се поднесе предлог од 20 пратеници и да се стави на гласање името на тоа лице кое е предложено за претседател на Собранието и, се разбира, се отвора патот за избор не само на Комисијата за избор и именувања, туку и останатите комисии кои се неопходни за функционирањето на Собранието.” – изјави Рафис Халити, поранешен потпретседател на Собранието

Повикувајќи се на Деловникот за работата на Собранието, Алити ја објаснува логиката за составот на Комисијата за избори и именувања.

“Како и сите комисии, и Комисијата за избори и именувања треба да има непарен број членови и бројот на членовите на Комисијата за избори и именувања ќе зависи од координацијата на координаторите или претставниците на парламентарните групи. Секако, Деловникот предвидува во таа комисија да има праведна застапеност на политичките партии кои се дел од Собранието.” – додава Халити

Деловникот прецизно не го предвидува бројот на членови на Комисијата за избори и именувања, но во досегашниот состав оваа комисија броеше 13 члена. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека врз основа на мандатите кои ги освоија партиите на последните избори, оваа партија треба да има 6 члена, 5 од СДСМ, 1 ДУИ и 1 Движењето БЕСА./извор Алсат М

Слични содржини