(ВИДЕО) Без лауреатот Атвуд и бојкот од струшките власти започнуваат СВП

од Vladimir Zorba

most_struga

Свеченото отворање на Струшките вечери на поезијата, годинава ќе мине без добитникот на наградата „Златен венец“, канадската поетеса, книжевна критичарка, романсиерка и есеистка Маргарет Атвуд. информира Телма.

Како што објасни раководството на фестивалот, поради обврски на Универзитетот во Бостон како предавач, лауреатот подоцна ќе се приклучи на најголемиот светски собир посветен на поезијата.

– Лауреатот го очекуваме во петок, од причини да не може да се одложи доаѓањето, таа доаѓа со два дена задоцнување, но до 1 септември верувам дека ќе имаме доволно време за да ги претставиме и културните и природните убавини на нашата земја.- изјави Мите Стефоски, директор на СВП.

Фестивалот четврта година по ред ќе мине без присуство на градоначалникот на општина Струга и претставници на локалната самоуправа, која и натаму ги бојкотира СВП поради несогласувањата околу неупотребата на албанскиот јазик како официјален на манифестацијата. Раководството на фестивалот смета дека не постојат рационални причини за таквото однесување и дека градот наместо да работи на развој и промоција на манифестацијата, истата ја загрозува.

Целиот текст може прочитате тука

Слични содржини