(ВИДЕО) ДУИ блиску до одлука да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ!?

од desk2

Демократската Унија за интеграција на состанокот на централното претседателство гласа за одлуката да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

Неофицијално, како што дознава А1он, договорено е јазиците да се решат со закон, а да има дополнителни договори за СЈО. Според извори од ДУИ, Груевски се согласил албанскиот јазик да биде употребуван на сите нивоа во администрацијата.

Али Ахмети тврдеше дека без прифаќање на платформата нема шанси да коалицира со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и без согласност за продолжување на мандатот на СЈО.

Исто така, гласни се и шпекулациите дека дел од пратениците на ДУИ ќе ја напуштат партијата со цел старите коалициони партнери да не формираат Влада./извор а1он

Слични содржини