(ВИДЕО) Два воза се судрија на железничката станицата Ватерло во Лондон, има повредени

од Vladimir Zorba

Три лица се повредени откако патнички воз денеска удри со товарен воз. Патничкиот воз излетал од шините кога бил во станицата Ватерло. Медицинските тимови беа повикани да ги санираат повредите на трите лица. За среќа никој од нив нема потреба од болничко лекување, информира Dailymail.co.uk. Се повикува луѓето да ја избегнуваат станицата денеска, бидејќи истражните органи ги разјаснуваат причините за несреќата. Се претпоставува дека ќе има сериозни одложувања и откажувања на други возови до крајот на денот.

Слични содржини