(ВИДЕО+ФОТО 18+) Масакр во Дара: ИД и “опозицијата” заемно масовно си сечат глави

од desk2

За време на примирјето во Сирија терористите почнаа да се уништуваат меѓусебно. Во јужната провинција Дера на границата со Јордан се водат жестоки борби меѓу ИД и групата “Хајат Тахрир ал-шам” од составот на Слободната сириска армија.


Вчера,терористи од ИД објавија слики кои покажуваат околу 20 убиени и обезглавени џихадисти од “умерената опозиција”, убиени истиот ден во жестоки судири, соопшти Рускаја Весна. На кадрите се гледаат обезглавени мажи на плоштадот, еден е виснат врзан на дрво наопаку. Меѓу нив се шетаат деца.

Како резултат на нападите во Долината Јармук терористите од ИД успеале да се снабдат со богати трофеи: тенк Т-55, БМП, пикапи лансери, ПТУР TOW, значително количество муниција и оружје.

ИД од “Армијата Халид бен Валид” успеале да ги зајакнат своите претходни позиции, а “востаниците” чекаат засилувања.

За возврат “востаниците” од ССА исто објавија страшни фотографии на голем број убиени терористи од ИД, вклучувајќи со отсечени глави.

Слични содржини