(ВИДЕО) Казна од 20 години затвор ако има одговорност за обид за убиство!?

од Vladimir Zorba

 

Велепредавство, насилство, нарушување на јавен ред и мир, обид за убиство се само неколку од кривичните дела за кои може да одговараат организаторите, директните извршувачи на нападите, полициски службеници, политичката партија ВМРО-ДПМНЕ па дури и претседателот Иванов, вели професорот по кривично право Гордан Калајџиев. Доколку биде утврдена одговорност за секое од тие дела еден сторител може да добие и до 20 години казна затвор, информира ТВ24.

„Најтешкото дело велепредавство – соборување на обид со сила да се соборат државните органи улична правда е неприфатлив . . . едно е да демонстрирате сила од самиот почеток тие најавуваа дека освен што нивните протести се политички тие најавуваа дека можќно е да има и насилно преземања на собранието сите знаеме дека тие работата за МВР“, вели Калајџиев.

Сепак, најголема е одговорноста на полицијата која поради отсуството на брза реакција дозволила извршување на повеќе од дваесетина кривични дела.

„Ова е намерно. . .тие може да одговарат не сам за злоупотреба на службената положнба и овластвање туку и со несторување знаат дека ги допуштиле сторувањето на овие кривични дела. Ова го шири незадоволството кај граѓаните, сето ова што се случува ја намалува добвербата кому му служи полицијата и што може да се очекува кого таа штити“, додава Калајџиев.

И Хелсиншкиот комитет повика истрагата да започне со приведување на сите полициски службеници кои ја злоупотребиле својата положба, нивните претпоставени, напаѓачите и организаторите на протестот. Доколку не реагираат институциите, тие подготвуваат кривични пријави за сите инволвирани.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини