Инцидентот кој вчера со случи во кумановското село Гошинце, никако не може да го направи опозицијата, локалното албанско население, ниту пак косовската страна, затоа што оди на штета на сите овие фактори, сметаат експертите, кои денеска учествуваа на дебатата „Гошинце 2015“, организирана од „Достоинство“.

blagojaMarkovski
Полковникот во пензија, Благоја Марковски, вели дека сепак „неразумниот чин во Гошинце“ е конструкција на субјекти на кои не им е во интерес напредокот на државата, чии ставово пренсува А1он.

„За нас е битно кому му штети овој инцидент и од таму кој не би го предизвикал. Тоа никако не можела да го направи опозицијата, никогаш не можело да го направи локалното албанско население и никако не е заинтересирана тоа да го направи косовската страна. Република Косово, како нов државен субјект на овие простори, има повеќе интерес да ја покаже свој зрелост како државен субјект и да се приближи кон ЕУ и НАТО. Албанското население во овој дел, нема никакви интереси да се дестабилизира Република Македонија затоа што се животно заинтересирани да се поправи нивниот животен стандард„ вели Марковски./Извор А1Он

Слични содржини