(ВИДЕО) Koj ќе најде место во отворениот фронт на Зоран Заев и СДСМ?

од Vladimir Zorba
Koj ќе најде место во отворениот фронт на Зоран Заев и СДСМ? По отворената јавна порака на лидерот на социјалдемократите за партиите од левицата и центарот, но и за движења, интелектуалци и  јавни личности денека, дел од нив се резервирани околу идно коалицирање, дел пак, меѓу кои и традиционалните партнери на СДСМ чекаат да им дојде редот за да договорат соработка и пратенички места, информира 24Вести.
144457
Од Левица со услов за идна соработка. Велат се виделе со раководството на СДСМ, но немало слух за нивниот клучен услов.
Меѓу СДСМ и ЛП засега не е направен контакт. Од партијата на Ивон Величковски не сакаат  да коментираат детали. Оттаму велат дека за евентуална соработка имаат само еден услов.
„Почетниот услов за соработка со ЛП на претстојните избори е во идната Влада да нема место за Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ,“велат од Либералната Партија.
Во фронтот на Заев се гледаат партиите со кои тој изминатиот период потпиша соработка, како и оние што традиционално се партнери на СДСМ на изминативе избори, иако поединечни преговори за пратеничики места се уште не се направени, а од Бихаќка веќе најавија дека тие ќе се намалуваат колку што коалицијата ќе се проширува.
Дополнително во блокот на Заев според дел од информациите ќе има место и за јавни личности и интелектуалци кои во изминатиот период беа критички расположени за влста. Неофицијално место ќе добијат 7 интелектуалци, од кои половина би биле Албанци.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини