(ВИДЕО) Мигранти ја запалија административната зграда во камп на островот Лезбос

од desk3

0022661001477283604_570708_292x224

Над 70 лица во бегалскиот камп “Морија” на грчкиот остров Лезбос предизвикаа немири, фрлајќи камења и обидувајќи да ја запалат административна зграда во кампот, пренесува британскиот весник “Express”. Според информациите повеќето побунети се мигранти од Пакистан и Бангладеш.

 

Тие биле незадоволни од бавниот, според нив, процес на разгледување на нивните апликации за статус. Нападот ги принудил административните службеници да ја прекинат работата и сега грчката полиција ќе го засили обезбедувањето на кампот. Само на Лезбос има 6.000 мигранти, а на грчките острови во близина на Турција се сместени и ја чекаат својата судбина над 15 000 мигранти. Поради пренаселеноста често има тепачки. Во Морија капацитетот е за 3.000 лица, но според неофицијални информации сега таму има двојно повеќе луѓе.

Слични содржини