(ВИДЕО) Пратениците на ВМРО ДПМНЕ слават и се гушкаат со маскираните кои извршија насилие во Парламентот

од Vladimir Zorba

 

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ и екс министер за земјоделство Љупчо Димовски на својот Фејсбук профил објави видео клип, монтиран со музичка подлога, на кој се гледа како пратениците од неговата партија ги дочекуваат насилниците кои физички ги нападнаа пратениците од СДСМ и другите од парламентарното мнозиство во Прес центарот на Собранието.

-Наместо безочните лаги на однародените, примитивно-малограѓански „социјалдемократи“, ова е вистинстинската слика од народното ослободување на македонското народно Собрание од тиранијата на СДС, пишува Димовски во статусот што го придружува видеото.

На него се гледа како пратениците Илија Димовски, Елизабета Канчевска Милевска и други се гушкаат и се поздравуваат со насилниците со фантомки и со каучлки на главите во присуство на припадниците на полициските специјалци.

Демократскиот сојуз бара темелна истрага, ОСТАВКИ и КРИВИЧНА одговорност!

 

Истрагата ќе мора да открие дали  им се познати маскираните, за кои веќе се шпекулира во јавноста дека се дел од обезбедувања на екс министри, но и повеќе души од дирекцијата за разузнавање.

Слични содржини