Режисерот Александар Поповски, музичарите Мирко Попов и Бени Шаќири, новинарот Огнен Јанески, активистите Ана Битољану, Јасмина Голубовска, Албулена Карага, актерката Несрин Таир, Филип Стојановски, во видео порака му дадоа поддршка на Средношколскиот пленум и на барањата на средношколците да се укинат лошите реформски решенија во образованието и да се укине екстерното тестирање во основното и во средното образование.

Истакнатите јавни личности во своите пораки до средношколците ги охрабруваат учениците да не се откажат од своите барања и масовно да излезат на улица.
Учениците за утре очекуваат уште поголеми притисоци и затворање на вратите на училиштата како што беше на протеститие минатата учебна година.

Слични содржини