(ВИДЕО) Саманта и Доналд Трамп во „Сексот и градот“

од Vladimir Zorba

За да ги добиеш претседателските избори во САД сигурно треба да емитуваш гламур и да поседуваш харизма.77f00c59418761a2eb7fa4edffd6f669

А Доналд Трамп, освен со победата на изборите за шеф на државата, може да се пофали и со улоги не само на политичката сцена, но и во филмот. “Дејли експрес” успеа да ги собере некои од неговите најпознати учества, а едно од нив му ја донесе дури и антинаградата “Златна малинка” за улогата на самиот себе.

Oд неговите актерски искуства го паметиме по ужасното докажување во “Привиденијата не го прават” (1989) со Бо Дерек до продукции со холивудски имиња како Вил Смит, Хју Грант и Сандра Булок.

Трамп го сретнува малиот Маколи Кaлкин во “Сам дома 2: Изгубени во Њујорк” (1992). А во доста од продукциите се игра сам себе. Како таков е препознатлив во “Зулендер” (2001) со Бен Стилер, во “Рок за вљубување” кога се спречува со херојот на Хју Грант, непосредно пред вториот да се заљуби во хероината на Сандра Булок.

Тој глуми флерт и со Саманта во една од епизодите на “Сексот и градот”.

Новоизбраниот претседател на САД е партнер на екранот и на Упи Голдберг во “Партнер”, “Еди” и “Малите разбојници”, иако тоа не ја запре актерката да изјави дека ќе ја напушти земјата, ако тој стане претседател.

Играше и во “Запален Сузан” со Брук Шилдс, “Принцот од Бел Ер” со Вил Смит, “Лекомислен град” со Мајкл Џеј Фокс и Чарли Шин, “Гувернанта” со Фран Дрешер, “Елизабет” со Елизабет Харли. А наскоро ќе видиме дали ќе се појави во улога на претседател.

Видете го Трамп како изгледа во киното.

Слични содржини