Специјалното обвинителство  тргна во акција . Се шпекулира дека се прибрани  и доработени повеќе случаи, и деновие се трга во она што е основната работа поради што оваа обвинителство е формирано. ОД СЈО велат дека имаат докази за повеќе случаи. Токму поради тоа деновиве провладините медиуми, наголемо „пукаат “ врз Јанева и СЈО девалвираат и  ја ставаат под прашање релевантноста  на оваа нова институција.ИСтовремено блокадата и недавање документи од други државни институции продолжува

сјо

СЈО синоќа  го опколи централниот регистар на Република Македонија, централната информативна база на правни и друг вид релевантни податоци. Обвинителството добило судски налог да одземе документи од централниот регистар,поради сомневање дека е можно уништување и изнесување на битни документи за предистражни постапки.

Откако не се нашле со вработените и одбивале да ги предадат документите  издаден  е  налогот  од судот,  пред крајот на работниот ден да бидат запленети бараните документи. Вистинска драма се одвивала во централниот регистар, каде пристигнала и полиција за да им асистирра на СЈО . И  додека истражителите на Специјалното обвинителство пристигнале во институцијата, вработените биле пуштени да си одат, а објектот затворен.

Со почетокот на  акцијата на СЈО во Централниот регистар, според извори од вработени кои инсистираат на анонимност, попладнето по 17 часот започнала и , според тврдења на дел од вработени, акција за притисок,  денеска  повеќето од нив да не се појават на работа. Им било сугерирано да земат слободни денови.

165552

Според  изворот на Либертас службениците од кои обвинителите на СЈО барале документи за одредени фирми биле исплашени, особено заради притисокот што дополнително им се правел да не соработуваат со истражителите на СЈО. За да не биде многу сомнително  било побарано од нив  денска  на работа  да не дојдат и од други сектори  да било тоа поголема група, а не само тие кои ги имаат фирмите кои СЈО ги бара  за исрага.

Од синоќа, како што објавија медиумите, полиција го чува  сите влезови  на НБМ каде е сместен   централниот регистар.

Од СЈО стравуваат  дека е можно некој да се обиде да уништи одредени документи и податоци. Од Специјалното обвинителство не откриваат за кои предмети се врши оваа истрага, односно со кои предмети и личности се поврзани документите што се бараат од централниот регистар.

Централниот регистар беше една од институциите за кои обвинителката Катица Јанева ги посочи на листата на институции кои не соработуваат со специјалното обвинителство и не ги доставуваат побараните документи потребни за истрагата.centralen_registar_na_rm

Централниот регистар е централна база на правни и друг вид релевантни податоци, како податоци за поседување имот, пренос на сопственост, годишни сметки, кредитни информации, брачни договори, осигурувања итн.

Слични содржини