(ВИДЕО+СЛИКА) “Дејли Меил”: Добредојде за Фараж во “Трамп Тауер”

од Vladimir Zorba

1479018547-fa1-1

Основачот на британската партија ЈУКИП Најџел Фараж беше забележан во “Трамп Тауер” во Њујорк, каде се сретнал со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп. Така Британецот го исполни ветувањето дека ќе биде првиот политичар од Островот, кој ќе се сретне со милијардерот по изборите, пишува “Дејли Меил”.

1479018547-fa4
Фараж ја повика премиерката на Велика Британија Тереза Меј, која требаше да разговара со Трамп на состанокот на високо ниво.
1479018547-fa3
Според зборовите на шефот на кампањата на Трамп, средбата меѓу милијардерот и Фараж поминала добро. “Сите овие средби се исклучително продуктивни”, изјави Кели Коноли за “Гардијан”.
1479018547-fa2
Од администрацијата на британската влада побрзаа да изјават дека средбата меѓу двајцата нема никакво значење за односите меѓу двете земји. Од таму истакнаа дека Фардж не игра никаква улога во овие односи.

Пред неколку дена во радио интервју Британецот изјави на адреса на Трамп: “Ќе ми предложи ли работа? Се надевам дека тоа ќе го направи. Тој ќе има потреба од амбасадор-евроспекптик во Брисел пред ЕУ. Би ја прифатил таа работа “.

По завршувањето на средбата Фараж напиша на Твитер: “Особено сум среќен од исклучително позитивната реакција на Доналд Трамп на идејата повторно да се постави биста на Сер Винстон Черчил во Овалната соба”.

Слични содржини