(ВИДЕО) Спасовски ја пушти Ивона Талевска на говорница во Собрание

од Vladimir Zorba

Оливер Спасовски денеска во Собранието на Република Македонија, во текот на своето говорење за оспоруваната од ВМРО-ДПМНЕ платформа на албанските партии,  од говорницата пушти дел од вестите на Сител каде уредничката Ивона Талевска најавува дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ постигна договор, откако Никола Груевски веќе ја прифатил Платформата.

„Да ве потсетам дека Никола Груевски направил договор со ДУИ на 29 јануари, кога вие во средниот ред или поголемиот дел од вас бевте во најновите костуми да славите нова влада“, рече Спасовски.

 

/Видео: ТВ НОВА

Слични содржини