(ВИДЕО) Упад во општина Гостивар: Политика или сомнежи за криминал!?

од Vladimir Zorba

„Не вршиме политички притисок врз градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта туку имаме сомнежи за сторен криминал.“ Финансиската полиција ги отфрла тврдењата дека вчерашната контрола во просториите на општината со која раководи потпретседателот на ДУИ има политичка позадина, информира Телма.

Преку соопштение информираат дека во конкретниот случај постапиле по наредба на надлежен обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

-Станува збор за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување„ во постапка на спроведување јавни набавки согласно Кривичниот законик на Република Македонија. Финансиската полиција најостро ги осудува сите обиди за политизирање на случајот и негово употребување за дневно политички цели.

Сепак, Бејта се сомнева дека контролата е мотивирана исклучиво од неговиот настап на телевизиска дебата, каде изјавил дека не постои Албанец кој би сакал да коалицира со ВМРО ДПМНЕ. Гостиварскиот градоначалник истото им го кажува и на претставниците на Финансиската полиција кои ја извршија инспекцијата во општината.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини