Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,

Прво, да ви се заблагодарам на вас новинарите што ги следите нашите активности.

Јас сум денеска со велешани, ќе посетиме неколку маала во Велес. Бевме по пазарот овде, по централното градско јадро, да се видиме со граѓаните и да разговараме за актуелните проблеми.

Секако ја користиме можноста да ја испорачаме и нашата програмска понуда со сите овие граѓани.

-Може-да-има-само-фер-и-регуларни-избори

Дозволете да дадам коментар по актуелните случувања во Република Македонија.

Во Македонија може да има само фер, регуларни и демократски избори.

Тоа е возможно само со целосно прочистување на избирачкиот список и со реформите во медиумите коишто мора да се направат. Тоа е нешто коешто е дел од договорот од Пржино, тоа е дел од последната проценка од меѓународната заедница, но истовремено е обврска на Македонија по извештајот од Европската Унија.

Дозволете во тој дел да дадам неколку коментари во функција на тоа што е актуелно и се случува деновиве.

СЈО: Дали Јанева ќе оди на седница ќе кажеме кога ќе добиеме известување од Советот

Да напоменам дека прв пат Министерството за внатрешни работи извади фантомски гласачи, ги сподели со граѓаните, со сите докази што ги поседуваше. После тоа Специјалното јавно обвинителство го отвори предметот Титаник. Со отворањето на избирачкиот список граѓаните да видат и самите колку фантомски, фиктивни или таканаречени сомнителни гласачи имаме по избирачките места и по домовите на граѓаните.

Истовремено, оваа катарза и голема глупост што се направи со Уставниот суд само по себе е уште една потврда. Еве денеска и ДИК е исправен пред носење на одлука за делот на сето она што е констатирано како неконзинстетно, сомнителни или спорни гласачи.

Дозволете во тој дел само да потсетам. Сите политички партии донесоа Изборен законик којшто го гласавме заедно во парламентот. Методологијата беше подржана од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се откажа од своите сугестии по методологијата, што значи заедно ја усвоивме.

Сите преставници испративме и ИТ техничари да работат на прочистувањето на избирачкиот список, 4 од секоја партија и 1 од странство. Беа избрани 3 компании, 2 од Македонија и 1 од странство да го направат тоа што значи cross=matching или споредба на базите. И на крајот дадоа конзинстетни и единствени податоци. ДИК гласаше заедно со конзенсус за сите 31 прашања коишто граѓаните ги видоа. И досега целата оваа работа се одвива со конзенсус.

Сакам да потврдам пред сите граѓани и да биде на чисто. Прочистувањето на избирачкиот список е насушно право, врв на демократското право за фер, слободни и демократски избори.

Ако се обидуваат да го опструираат целиот овој процес на прочистување во кој следува теренската проверка, Социјалдемократскиот Сојуз нема да подржи процес на опструкции и избегнување на теренското прочистување на избирачкиот список. Сите знаат дека после споредба на базите следува теренско прочистување на избирачкиот список.

Еве ќе ја споделам информацијата заради тоа што преку нашите 2 преставници во ДИК ја имаме.

Од 495.000 сомнителни или спорни гласачи, 123.000 се без валиден документ и тие не се составен дел на 1.

811.000 гласачи коишто ги има во избрачкиот список. Значи 372.000 остануваат спорни и сомнителни.

Ако од нив ги извадите сите со ѕвездичка тоа се граѓаните наши коишто имаат право на глас и гласаат во странство, некаде околу 78.000. Реално, јас сум шеф на опозицијата и треба да знаат граѓаните , некаде повеќе од 200.000 мора да бидат теренски проверени, по цела Македонија за да се констатира тоа што го очекуваме.

Еден огромен дел од нив нема да се бришат, тие остануваат во вториот дел заради тоа што тоа се наши граѓани со право на глас, а живеат во странство. Тие ќе бидат одделени во вториот дел од списокот.

Првиот дел е што треба да потврди фантоми. Само фантомските гласачи , тие коишто не постојат и се измислени, тие ќе се бришат од самиот избирачкиот список. Но, за овие преку 200.000 очекуваме да има теренска проверка.

Зборувам транспаретно и чесно заради тоа што процесот мора да биде усвоен со конзензус во Македонија за да може секој граѓанин да има верба во кредибилноста на изборите.

Покрај избирачкиот список, сите знаеме дека тука се и медиумите.

Но, она што сакам уште еднаш да го потврдам е дека преку 200.000 граѓани мора теренски да бидат проверени каде што ќе се оддели тој дел што се граѓани гласачи што живеат во странство и тој дел што се фиктивни гласачи, за на крајот да бидат избришани од избирачкиот список.

Без овој процес, нема фер и демократски избори.

Без регулација и реформи во медиумите, нема фер и демократски избори.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе победи на наредите избори.

Промените ќе се случат. Но тие мора да се случат на кредибилни , фер и демократски избори.

 
П1: Има ли време за тие 200.000 на терен да се пресметаат, да се проверат, тие фантомски гласачи што ги спомнавте?

Аргументациите на ВМРО-ДПМНЕ кога дебатиравме за теренската проверка тие велеа за 22 дена се прави попис во државата или може да се направи попис во државата. Ако се преку 200.000, 200 до 240 илјади тоа се некаде меѓу 50 и 70 илјади објекти што треба да се посетат. Знам дека ДИК е подготвен со 700 тима или меѓу 500 и 700 тима. Тоа е апсултно можно да се направи меѓу 5 и 9 дена , но да се тргне од терен на терен и тоа да се констатира. Уште еднаш потенцирам, ќе затекнеме при тие теренски проверки наши сограѓани коишто времено или трајно ја напуштиле Македонија, но имаат и лична карта и пасош. Проблемот е во тоа, граѓани што живеат надвор од државата а некој ги злоупотребуваше во Македонија да гласа во нивно име. И тие не се бришат од избирачкиот список. Тие само се ставаат во вториот дел , односно граѓани коишто имаат право на глас , а живеат во странство. Тој дел што е фантомскиот, сведоци се граѓаните, сведоци се и МВР. По јавното објавување сите ги видовме. Секој глас мора да има вредност во Македонија. Ако некој крадел избори, тоа повеќе не смее да се случи во државата.

П2: Дали го прочистуваме вистинскиот список, или избирачкиот список на кој овој пат ќе гласаме и во прв и во втор круг?

Тоа е вистинскиот список. Споредбата се правеше со последниот избирачки список од 15-ти декември 2015, со останати 10 бази од државните институции. Таму видовте дека има луѓе , мислам дека беа 192.000 коишто се појавуваат само во базата на МВР, а ги нема во ниту една од 10-те бази. Тоа е апсоултно јасно дека немаат ни движење на сметка ни социјална помош, немаат пензии, нема ништо. Тие луѓе не постојат во Македонија. Голем дел од тие луѓе се и во странство. Заради тоа нема движење, немаат тука ништо останато.

П3: Пред два дена господинот Орав или амбасадорот на ЕУ дојде во Велес и во неговата изјава рече дека е уверен по прашањето на медиумите дека течат неформални договори. Што е вистината? Дали преставниците на политичките партии се среќавате и разговарате? Ќе го затворите ли комплетно пржинскиот договор до крајот на периодот пред изборите или пак има нешто што јавноста сеуште не го знае по тоа прашање?

Транспаретноста на постапката и следењето на сите вас и преку вас, граѓаните го следат прочистувањето на избирачкиот список. Вчера беше објавено до каде е стигнато, денеска се очекува јавна седница на Државната изборна комисија за да слушнат сите граѓани и да ги знаат одлуките . И тука нема дилеми во тој процес. Второто прашање е реформите во медиумите. Социјалдемократскиот Сојуз не се откажува од реформите во медиумите. Но уште еднаш потенцирам , ние сме само една од четирите страни преговарачи. Бевме на Сител гости, бевме гости во Канал 5 коишто важат за провладини медиуми да докажеме дека е неопходна реформа во медиумите, да ги спуштиме топките пополека и да го успокоиме целиот овој амбиент. Токму преку медиумите да имаме фер шанса сите за рамноправно учество и очекуваме дека ќе се случат поместувања во тој. Совет на Агенцијата за аудиовизуелни и медиумски услуги, не бараме да бидат таму членови од СДСМ, бараме да бидат експерти, луѓе со 8 години искуство, повеќе од 5 години искуство во медиумите, коишто не припаѓаат на ниедна политичка партија. Истото го бараме и за Македонската радио телевизија. Тоа е нешто коешто треба да доведе да не зависат повеќе овие јавни државни институции како МРТВ и Агенција за визуелни и аудио визуелни медиумски услуги, да сите овие институции бидат водени од експерти, а не од политички претставници.

П4: Се откажувате дефинитивно од претходните барања дека барате рамноправна застапеност дури и во Советот на МРТВ и во останатите органи и тела на управување на телевизијата? Како политичка партија ве прашувам. Ако тоа не е така, зошто го барате и зошто не дозволувате на јавниот национален радиодифузен сервис да биде навистина независно гласило?

Официјален став на Социјалдемократскиот сојуз, се друго е шпекулација. Бараме рацете на политичарите , ама на сите политичари, да се тргнат валканите раце на политичарите од медиумите. Што значи тоа? Тоа значи програмскиот совет на Македонската радио телевизија да бидат експерти. Експерти кои нема да зависат ни од Груевски ни од Заев, ни од Ахмети ни од Тачи. Се знае како. Има критериуми по коишто ќе се распише конкурс, ќе конкурираат луѓето, ќе дојдат на јавно сослушување на комисијата на именување во Парламентот, не само да се претстават пред пратениците од СДСМ, ВМРО или другите партии, пред граѓаните да се престават. Каква програма, што визија имаат, кој е нивниот акционен план и на крајот со 2/3 да може да се изберат тие луѓе. И да не должат никому ништо. Истовремено да има буџет фиксен за Македонската радио телевизија. Радиодифузната такса да се укине комплетно. Да има фиксен буџет којшто секој месец, меѓу 1-ви и 5-ти ќе значи месечно финансирање на МРТВ. Покрај експертската независност, да има и финансиска независност. Тоа го предлагаме и за Агенцијата за аудио-визуелни медиумски услуги. Не бараме казни за медиумите. Медиумите имаат право на своја политика, нека ја креираат својата политика, но бараме почитување на етичките стандарди, професионалните стандарди , ако сакаме да добиеме медиуми коишто ќе ја унапредат демократијата во Република Македонија.

Слични содржини