Вилијам и Кејт во посета на Германија

од Vladimir Zorba

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон пристигнаа во тридневна посета на Германија, придружена со нивните деца – принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Вилијам и Кејт пристигнаа во Берлин од Полска и нивната прва станица е комплексот на канцеларијата на канцеларката, каде имаа официјален ручек со Ангела Меркел.

Локалните медиуми ја опишаа посетата на кралското семејство како “офанзива со шарм” на позадината на тековните разговори меѓу Лондон и Брисел за Брекзит. Според нив одамна планираната посета се совпаднала успешно со водењето на разговорите за излегувањето на Велика Британија од ЕУ, а “Зидојче цајтунг” го утврди кралското семејство како “тајно оружје на Нејзиното височество”, а посетата “дипломатска мисија”.

“Вилијам и Кејт се во Германија со своите деца, за да го разведри расположението”, напиша  “Ди Цајт”. Принцот и војвотката се сретнаа со граѓаните пред Бранденбуршката порта.

Додека се во Берлин принцот и војвотката ќе се состанат со публиката пред Бранденбуршката порта, ќе го посетат Меморијалниот центар за холокаустот во Берлин и ќе се состанат со претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.

Во четвртокот двојката ќе замине за Хајделберг, каде што ќе учествуваат во трката за веслање.

Во петок тие ќе го посетат Хамбург, каде што ќе ја разгледаат новата концертна сала “Elbphilharmonie”. Пред тоа во Полска двојката се сретна со нобеловиот лауреат за мир Лех Валенса и го посетија поранешниот нацистички концентрационен логор.

Слични содржини