По одлуката на Кривичниот суд за куќен притвор од 30 денна на битолскиот градоначалник Владимир Талески, следуваа жестоки реакции од ВМРО-ДПМНЕ во Битола .Обвинија судиите дека потклекнаа на притисоците на СДСМ и Зоран Заев.

taleski-2

– Владимир Талески е жртва на класичен политички прогон кој треба да ги смири фрустрациите од неуспешното делување на аболицираниот криминалец Зоран Заев против сопствениот народ и институциите на државата. Владимир Талески е жртва на заканите кои СДСМ со месеци ги испраќа врз судиите кои само неколку часа откако Петре Шилегов се закани со поединечни лични тужби против нив, изрекоа мерка за која СЈО нема никакви одржливи аргументи со законска и логичка оправданост, рече Зоран Илиоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

ОД СДСМ пак обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ застанува во одбрана на криминалот и побараа Талески да си поднесе оставака.

-ВМРО-ДПМНЕ наместо да се огради, уште еднаш се стави во одбрана на луѓе осомничени за криминал, на кои личниот интерес и профит им е во прв план и со тоа само докажа дека криминалното работење е нивна главна одлика.За доброто на Битола и битолчани, го повикуваме Владимир Талески во најкус можен рок да си поднесе оставка.На тој начин ќе се овозможи нормално функционирање на Општината во интерес на сите граѓани, рече Борче Корлевски, СДСМ-Битола.
Битолските демонстранти и вчера излегоа на протест, а пред општинската зграда симболично поставија бесилка од ортома врзана на дрво, скандирајќи „Оставка” и „Робија”.

Слични содржини