Во Копенхаген денес е отворена прва џамија во Скандинавија наменета за жени и со која ќе управуваат жени.

CbCNXBZWwAAIR6N_620x0

Шекин Ханкан, родена во Данска од татко Сириец и мајка Финкиња, изјави дека во џамијата Мариам ќе има молитви во петок само за жени и дека ѕлогата ќе им биде доверена на жени, додека за останати активности ќе бидат отворени за сите.

„Ние ја институционализиравме патријархалната структура во сите вери, не само во исламот, туку и во јудаизмот, христијанството и другите религии. Ние тоа сакаме да го доведеме во прашање“, изјави Ханкан.

Таа ја повика исламската традиција која овозможува жените да станат имами.

Џамии за жени веќе постојат во Германија, Канада и САД.

Слични содржини