Во Гевгелија пронајден мртов маж, се сомнева на убиство

од desk2

Во полициската станица во Гевгелија утрово десетина минути пред седум часот, било пријавено дека во семејна куќа во близина на „Касарна“ бил пронајден мртов маж.

Од полиција го потврдија настанот, наведувајќи дека со повреди во пределот на главата е пронајдено безживотното тело на 41-годишниот гевгеличанец Б.Р.

На терен во тек се истражните дејствија што ги спроведуваат судски вештаци и обвинителка од судот во Велес, но се уште нема официјални информации и потврда дали се работи за убиство.

Слични содржини