Во Македонија врие од протести

од Vladimir Zorba

Последователниот  бран протести во Македонија вчера ја доживеа својата кулминација. Скопје и 43 градови, ги мобилизираа  дел граѓаните на Македонија кои стојат зад иницијативата „За Заедничка Македонија“.


Пред македонскиот парламент каде што се одржуваа разговорите на еврокомесарот Јоханес Хан беа неколку десетици илјади граѓани кои се против „тиранската платформа“ и за зачувување на унитарноста на државата.

Илјадници луѓе излегоа  и во речиси сите поголеми градови во Македонија

Тие сметаат дека со синоќешниот  23ти ден, ова се најмасовните протестни маршеви кои низ 43 населени места во Македонија на улица извадиле илјадници луѓе. Во Скопје беше најмасовно бидејќи имаше организиран превоз и од другите градови.

Слични содржини