Во Северна Грција се преврте училишен автобус, повредени најмалку 14 деца

од Vladimir Zorba

Најмалку 14 ученици се повредени во автобуска несреќа во Северна Грција, објави електронското издание Ekathimerini.

Инцидентот се случил околу осум часот наутро на патот што ги поврзува Сер и Кавала.

Возилото во кое патувале околу 40 луѓе, вклучувајќи професори и родители, се движел кон Александрополис, каде што децата требало да имаат екскурзија.

Според прелиминарните податоци возачот на автобусот нагло свртел за да избегне судир со камион, а како резултат на тоа возилото се превртело. По инцидентот едно од децата останато блокирано во автобусот, но е извадено од пожарникарската екипа која пристигнала на лице место. Настраданите се сместени во блиска болница.

Слични содржини