Бројот на мигрантите, кои пристигнале во Европа во Медитеранот, надмина од почетокот на годината 473 000 луѓе. Ова го соопшти Меѓународната организација за миграција.

migranti-brod-odgore-540x320

Од почетокот на годината во Европа пристигнале 473 887 мигранти и бегалци, посочуваат од ИОМ. Од нив, над 349 000 пристигнаа  на грчките брегови и околу 122 000 во Италија. “Најмалку 182 000 мигранти пристигнале од Сирија и сега Сиријците достигнуваат 40% од сите мигранти”, соопшти на брифингот  во Женева портпаролот на ИОМ Џоел Милман. Од почетокот на годината, при обид да влезат во Европа загинале 2818 мигранти. Сиријците претставуваат основната група на мигранти кои пристигнуваат во Грција – 175 375 луѓе. Во оваа земја исто така пристигнале над 50 000 Авганистанци и над 11 000 Пакистанци. Во Италија главната група од мигранти се еритрејците – 30 708. Покрај нив на Апенините се закотвени над 15 000 Нигеријци и околу 9000 Сомалијци. / ТАСС

Слични содржини