Илјадници руски граѓани се собраа во центарот на Москва за учество во жалостниот марш во спомен на убиениот опозиционер Борис Немцов, кој започна во 15 часот по московско време.

Министерството за внатрешни работи на Русија соопшти дека во моментот околу 7 илјади луѓе учествуваат во маршот.

Амбасадорите на Велика Британија, Франција и Германија во Русија исто така учествуваат во манифестацијата.

Денес требаше да се одржи антикризната демонстрација “Пролет” со повик Русија да ја запре војната со Украина. Еден од организаторите на маршот беше токму Немцов. Вчера опозицијата се договори со властите да се одржи жалостен марш во спомен на Борис Немцов.

Маршот треба да помине крај Китајгородскиот ѕид, улица Москворецкаја набережнаја, улица Москворецкој, Големиот Москворецки мост до Кадашевској набережној.

430x330

Учесниците во манифестацијата се собраа на плоштадот “Словенск” и метро станица “Горки” во Москва. Многу од учесниците носат портрети на Немцов, цвеќиња, исто така и знамето на Русија и жалосни ленти. Опозицијата првично планираше поворката да биде без знамиња и партиски пароли. Има многу знамиња на “Солидарност” и РПР-ПАРНАС – на која Немцов беше копретседател.

“Хероите не умираат”, “Тој загина за иднината на Русија”, “Тој се бореше за слободата на Русија”, “Тој се бореше за нашата иднина”, “Јас не се плашам”, “Немам зборови” се само дел од плакатите со слики на Немцов кои ги носат учесниците.

Ситуацијата во целина е мирна.

430x330 (1)

Организаторите и локалната власт се усогласиле во поворка да учествуваат до 50 илјади луѓе.

Маршот треба да заврши на Москворецки мост, каде Немцов беше убиен. Вчера илјадници луѓе го претрупаа мостот со цвеќиња и свеќи во спомен на Немцов.

430x330 (2)

Мерките за безбедност во центарот на Москва се засилени. Силите за борба со безредијата го обезбедуваат местото на убиството. Членови на рускиот претседателски совет за граѓанско општество и човекови права ќе го следат спроведувањето на маршот.

430x330 (3)
Таквите жалосни поворки се одржуваат и во други градови на Русија. Во Санкт Петербург се собраа илјадници (околу 10 илјади), во Екатеринбург околу 1500 лица, 300 лица во Јарослав, околу 200 луѓе во Новосибирск и други градови.

На маршот во Санкт Петергбург е уапсен човек со украинско знаме.

Градоначалникот на Мурманск не овозможи спроведување на ваква акција во спомен на Немцов.

Во меѓувреме, во Воронеж активисти на движењето “Антимајдан” се обиделе да спречат настан во спомен на Немцов.

Слични содржини