Вонредната седница на советот на министрите за финансии на земјите од еврозоната беше идентификуванa како “критично важнa”.Министерот за финансии на Грција Jaннис Варуфакис ги претстави своите предлози за решение на проблемот со задолженоста.Вонредната седница на Еврогрупата заврши без усвојувањето на какво и да е решение за долгот за Грција.

grcija znam

Во моментов се подготвува текст за заедничко коминике, соопштува  на својот  сајт  весникот “Вима”. “Според информациите од Брисел, работната група на Еврогрупата и грчката страна заедно развиваат документ во кој детално ги стават разликите меѓу меморандумот (со доверителите) и предлозите поднесени од грчката страна. Документот ќе биде подготвен и ќе започне неговото разгледување во понеделник на 16 февруари на наредното заседание на Еврогрупата “, се вели во пораката. Засега Грција предлага склучување на времена спогодба (bridge agreement) за финансирањето на потребите на државата до склучувањето на нов конечен договор со европските партнери. Грција не се согласува со продолжувањето на претходниот договор со доверителите, истекува на 28 февруари. Според државниот телевизиски канал “Нери”, коментирајќи ја седницата на Еврогрупата во Брисел,  нивни извори изјавија дека Атина се откажала на седницата на Еврогрупата да издолжува претходната кредитна програма на ЕУ”, истакна телевизискиот канал. Грција како целина е подготвена да го потврди исполнувањето на основните обврски на антикризната програма. Ова го соопшти европски дипломат на маргините на состанокот на Еврогрупата. Според него, оваа намера е “рефлектирана  во заедничкото соопштение”, кое Еврогрупата и Атина го подготвуваат во моментов. “Изјавата предвидува постигнување на договор за условите за идната помош на Грција на планираниот состанок на Еврогрупата на 16 февруари”, рече тој.

Слични содржини