Втора ноќ и трет ден на СЈО во УБК, не си одат додека не се изврши судската наредба…

од desk3

Истражителите на СЈО поминаа втора ноќ во Управата за безбедност и контраразузнавање . Како што се изјасни Катица Јанева тие нема да си заминат од зградата на УБК се додека не ја извршат судската наредба, која предвидува дека треба да ги земат податоците за прислушувањето.

janeva_katica

Овие два дена изговорите за неспроведување на судската наредба на директорот на БЈБ-Митко Чавков и на доп. заменик министер -Оливер Андонов беа дека без единствените двајца техничари, кои раководат со системот за следење на комуникации не можат да се добијат овие податоци, а тие биле во странство.

Последните информации беа дека најдоцна денеска ќе ги добијат компјутерските
податоци кои телефонски броеви биле внесени во системот и кој бил прислушуван.

Слични содржини