Вучиќ: Уапсени луѓе кои подготвувале напади во Црна Гора и на Ѓукановиќ

од Vladimir Zorba

На територијата на Србија се уапсени луѓе кои вршеле илегални активности во Црна Гора, изјави премиерот Александар Вучиќ.

vuchik

Ова признание го даде  српскиот премиер Александар Вучиќ ноќеска по седницата на Бирото за координација на тајни служби. Меѓу уапсените има и лица кои ги следеле сите активности и движења на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ. При спецакцијата се откриени униформи и пари, прецизира Вучиќ и додаде: Во Србија има зголемување на активностите на странските тајни служби. Сите уапсени се наоѓаат во Белград. “Добрата вест во оваа приказна е фактот дека нема вмешани политичари ниту од Србија, ниту од Црна Гора …. Оние кои го  следеле Ѓукановиќ, ги знаеле сите негови движења, на секундата и добиените информации веднаш ја предавале на трети лица “, рече уште српскиот премиер.

“Знам дека над 90 отсто од оние кои во моментов ме гледаат на телевизија, плукаат, но сакам да ја кажам вистината, отколку да  се кријат овие работи”, рече уште Вучиќ. Тој негираше дека има влогови со стотици милиони евра во странство.

Локално.мк потсетува дека во пресрет на предвремените парламентарни избори во Црна Гора беа приведени српски државјани. Вучиќ меѓутоа, прецизира дека уапсените во Белград немаат ништо заедничко со овие луѓе. Еден од вишите службеници во Дирекцијата на криминалистичката полиција на Србија предавал оперативни информации и податоци на странски служби. Против него во моментов се води истрага. / РТС,БГНЕС и Танјуг

Слични содржини