За инает на Веганите: Сирењето го продолжува животот-оние кои земаат спермидин, имаат 40 проценти помал ризик од срцева слабост

од Vladimir Zorba

Соединение во белото искушение може да биде клучот за долговечноста.

1479563701-we

Веганите одамна проповедаат за злото на лактозата, високите нивоа на масти и негативното влијание на сирењето врз вашата кожа / артерии / срце / стомак. Но списание Nature Medicine објавува новото истражување кое покажува дека потрошувачката на сирење всушност може да ви помогне да живеете подолго.
Според истражувањето објавено онлајн овој месец, соединение, откриено во сирењето, познато како спермидин, може да биде клучот за долговечноста.

Истражувањето открило дека спермидинот го зголемува просечниот животен век кај глувци и стаорци. Покрај тоа тоа покажува дека спермидинот располага и со кардиопротективни својства.

Сирењето всушност може да помогне за намалување на задебелување на срцевиот мускул (поврзано главно со висок крвен притисок) и избегнување на аритмии (поврзана со срцева слабост).

Со други зборови, сирењето во реалноста може да биде навистина добро за срцето, како и за вашиот живот.

Резултатите од 800 обиди спроведени меѓу Италијанци (традиционалната италијанска диета вклучува добра количина сирење), покажуваат дека оние кои земаат повеќе спермидин, имаат 40 проценти помал ризик од срцева слабост.

Тие исто така имаат низок крвен притисок и помал ризик од кардиоваскуларни заболувања како целина.

Спермидинот се содржи главно во зрело сирење, цели зрна и печурките, но за прв пат е изолиран кај спермата.

Слични содржини