Забрана за тешки товарни возила и кај Ѓавато

од desk4

Од АМСМ информираат дека  патниот правец Битола–Ресен кај преминот Ѓавато е забранет за движење на тешки товарни возила.

Попладнево, поради врнежи од снег  се воведени забрани за движење и на повеќе планински превои во државата. Воведена е забрана за сите возила на планинскиот превој „Буково“ каде што попладнево поради заглавени два шлепера имаше застој на колона од 30-тина возила.

Од 15 часот е воведена забрана за камиони и на патниот правец кон Попова Шапка.

МВР преку соопштение апелираше на магистралните патишта Охрид-Кичево  и Охрид-Ресен да се вози при исклучителна нужност за да се избегнат евентуални несакани последици

Слични содржини