Зад решетки осум напаѓачи- обвинувањата засега „учество во толпа“ !

од Vladimir Zorba

Нападнатите пратенци кои се оштетени од четврточното дивеење во законодавниот дом се повикани да дадат исказ во Обвинителството кое ја води истрагата за крвавиот 27 април.
Како што потврдуваат извори од истрагата за Телевизија 24, поканите се испратени утрово до Генералниот секретар на Собранието.
Сепак, лидерот на СДСМ Зоран Заев и пратеници од СДСМ со кои разговаравме денеска, велат дека сè уште ги немаат добиено поканите.
Покани немаат добиено ниту новинарите, снимателите и фоторепортерите кои беа нападнати во прес центарот на Собранието.
Обвинителството потврдува дека постојано се повикуваат на сослушување лица кои во четвртокот вечерта биле во Собранието. Но, од таму не потенцираат колкава е нивната бројка.
„Интензивно се преземаат дејствија на истрагата. И покрај тоа што станува збор за скратена постапка обвинителите работат на тоа да ги запазат роковите. Секој предмет се работи индивидуално за себе“, велат од Обвинителството.
Во меѓувреме, уште едно лице од првата група од 15, кој е осомничен дека сторил кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие кое било приведено вчера, денеска судија на претходна постапка му одреди притвор од осум дена.
Со тоа, зад решетки се наоѓаат осуммина напаѓачи. По останатите МВР сè уште трага, додека некои од нив и сами се пријавуваат во полициска станица. Работната група интензивно постапува и се прибираат сите податоци релевантни за истрагата велат од МВР.
До сега, кривиччните пријави се однесуваат на делата учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, учество во толпа што ќе изврши кривично дело и предизвикување на општа опасност. За ове дела, предвидени се парични казни или  казни затвор до три или пет години. Од обвинителството молк како постапуваат по извештајот на МВР за организаторите на протестите. До сега ниту еден учесник во крвавиот четврток не е пријавен за потешко кривично дело. /TV24

Слични содржини